За 24 часа во Македонија 592 пријави за неносење заштитна маска
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 592 прекршоци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од полицијата и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. Казната за непочитување на оваа мерка изнесува 20 евра.