Пожарот во мигрантскиот камп кај Бихаќ ја уништи целата инфраструктура
Пожарот во мигрантскиот капм Липа, во близина на Бихаќ е ставен под контрола, но целата инфраструктура е уништена или оштетена, изјави шефот на мисијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Босна и Херцеговина, Питер Ван дер Оверарт. Пожарот кој избувна денеска бил предизвикан од мигрантите со палење на шаторите и контејнерите.
Иако Советот на министри на БиХ минатата недела одлучи кампот Лила да остане и да бидат поставени контејнери во кои мигрантите ќе ја поминат зимата, ИОМ денеска одлучи да се затвори кампот поради недостиг на услови за престој.
ЕК загрижена за состојбата на границата меѓу Хрватска и БиХ
На одлуката да кампот остане во Липа се спротивстави Партијата за демократска акција на Бакир Изетбеговиќ, која побара мигрантски камппови да се постават и на територии каде не живеат само Бошњаци.