Берлинската полиција уапси естремни десничари осомничени за низа напади
Берлинската полиција уапси двајца екстремни десничари, осомничени за учество во низа напади, соопшти денеска германското обвинителството.
Германските власти испитуваат десетици напади врз антифашистички групи и политичари во берлинската населба Нојкелн во периодот од 2013 до 2019 година.
Жртвите на нападот и нивните приврзаници долго време ги обвинуваа полицијата и обвинителите дека не успеале соодветно да ги истражат нападите.
Напаѓачот кој уби 9 луѓе во Германија се самоубил
На почетокот на оваа година, истрагата беше префрлена во друго обвинителство.
Пратеничката на партијата Левица, Мартина Ренер го поздрави денешното апсење, на како што рече, „неонацистите Себастијан Т. и Тил П. осомничени за низа напади на десницата во Нојкелн.