За 24 часа во Македонија 614 пријави за неносење заштитна маска
![За 24 часа во Македонија 614 пријави за неносење заштитна маска](https://gdb.rferl.org/b343c7a2-0305-45b4-b10b-b739d5a83969_w800_h450.jpg)
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 614 прекршоци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од Министерството и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. Казната за непочитување на мерката за носење заштитна маска за лице и на отворени јавни места изнесува 20 евра.