Албанија по три години доби Уставен суд
Уставниот суд во Албанија од вчера е функционален, откако шефот на државата Илир Мета потпиша уредба Перпарим Кало да биде шестиот член на судот, што оваа највисока судска инстанца ја прави функционална. Совет за наименувања во правосудството до Мета достави предлог со две имиња на судии, по што тој го избра Кало и за тоа потпиша уредба. Уставниот суд на Албанија не функционира три години.
Пред празниците, Албанија го зголемува времетраењето на полицискиот час
Еден од судиите замина на друга функција, додека седум, меѓу нив и претседателот, не го поминаа ветингот, односно не можеа да го објаснат потеклото на својот имот. Судот е составен од девет члена, од кои три именува шефот на државата, а уште по три члена избираат Собранието и Врховниот суд на Албанија. Судиите на Уставниот суд имаат мандат од девет години без право на реизбор.