Албанија воведе полициски час за празниците
![Албанија воведе полициски час за празниците](https://gdb.rferl.org/2EB66E14-3BB3-492A-835A-46B0418E09EC_w800_h450.jpg)
Во Албанија, од вечерва, од 20 до 6 часот наутро, движењето нема да биде дозволено, а таа мерка ќе важи до 4 јануари.
Министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, потврди дека мерката ќе престане да важи на 4 јануари во 22 часот.
„Бидејќи влеговме во период на одмори, врз основа на проценка на ризик што ја носат собирите и зголемувањето на контактите, по анализа на состојбата, ја донесовме оваа одлука. Од ова се изземаат службите за итни потреби, испораки и медиумите. Од 5 јануари полицискиот час се враќа од 22 до 6 часот“, објави комитетот за справување со пандемијата.