Левица поднесе кривична пријава за екс-министерката Нина Ангеловска
Левица денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична приjава против поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска, поради, како што велат од партијата, „Ангеловска, додека била на функција, злоупотребувајќи инсајдерски сензитивни информации го повлекла својот депозит во вкупен износ од 250.000 евра од Еуростандард банка непосредно пред банката да пропадне, со што ја искористила службената положба за остварување лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирачка позиција во однос на останатите доверители“.
Стари предистраги за банки може да предизвикаат паника кај штедачи
„Со ваквото умислено и противправно однесување пријавената го прекршила член 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси со што се исполнети условите за кривичен прогон по службена должност за сторено тешко кривично дело Несовесно работење во службата“, изјави Јована Мојсоска од Президиумот на Левица на денешната прес-конференција.
Од партијата велат дека за ова „кривично дело е предвидена тригодишна затворска казна како јавен деликт насочен против службената положба“.