Наскоро ќе се чисти малата депонија со линдан во ОХИС
Чистењето на малата депонија со линдан во скопски ОХИС се очекува да започне наскоро, по доцнење од неколку месеци, информираше денеска Инспекторатот за животна средина, по направената контрола на компаниите кои работат во кругот на поранешната фабрика.
„Инспекторатот ќе врши редовен надзор над спроведувањето на чистењето“, соопштија од Инспекторатот, од каде додаваат дека не нашле пречекорувања во работењето на компаниите одговорни за чистењето.
Дишеме бензо(а)пирен - загадувачкa супстанцa за коja немаме информации
Во надлежност на Инспекторатот во оваа индустриска зона, како што соопштија, се 6 инсталации, од кои една со А-интегрирана еколошка дозвола (НЈСК ХОЛДИНГ, за производство на масло од канабис), а другите се главно компании што вршат складирање на опасен и неопасен отпад. Направен е надзор над три субјекти: Еко-центар, Езо-тех и Галванотехна.