Цената за државата да си го врати менаџирањето со природниот гас превисока?
![Цената за државата да си го врати менаџирањето со природниот гас превисока?](https://gdb.rferl.org/B6975A5A-B059-43C1-AFBC-C6A53D9A43EB_w800_h450.jpg)
Опозицијата се спротистави на усвојувањето на спогодбата со која Владата ќе ги откупи акциите на Макпетрол во фирмата ГА-МА која раководи со преносот на гас. Проблемот не е фирмата да биде во сопственост на државата, туку за опозицијата цената е превисока.