Сноуден доби син
![Сноуден доби син](https://gdb.rferl.org/30E8793A-C2A9-4D8D-8775-79AC0A3F534F_w800_h450.jpg)
Познатиот свиркач кој обелодени класифицирани документи од американските разузнавачки служби Едвард Сноуден, денеска објави дека станал татко. Неговата сопруга Линдзи Милс објави фотографии од нивното бебе на нејзиниот сајт.
Рускиот адвокат на Сноуден, Анатолиј Кучерена за руските медиуми изјави дека Сноуден добил син и дека „и мајката и детето се во одлична здравствена состојба“.
Откако Сноуден ја разоткри во јавноста американската програма за надзор во 2013 година побегна прво во Хонг Конг по што потоа замина во Русија каде што со неговата сегашна сопруга Милс добија дозвола за постојан престој. Сноуден е обвинет од американското обвинителство за шпионажа. Тој и Милс најавија минатиот месец дека скаат да побараат и руско државјанство, при тоа сакаат да го сочуваат и американското.
„ Јас и Линдзи ќе останеме Американци. Ќе го воспитуваме синот според американските вредности кои и ние ги почитуваме вклучувајќи го и правото на слобоода на говорот “ напиша на Твитер Сноуден на 1 ноември годинава.