Хоспитализирани 44 пациенти, слободни 76 болнички кревети
![Хоспитализирани 44 пациенти, слободни 76 болнички кревети](https://gdb.rferl.org/1a680d84-7694-48dd-a514-43c7130ad868_w800_h450.jpg)
Нови 44 пациенти се хоспитализирани во скопските болници поради компликации предизвикани од коронавирусот. Вкупно 441 пациенти кои имаат здравствени компликации предизвикани од ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопштија од министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 76 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.
Сите инфективни одделенија, како што е наведено во соопштението од Министерството за здравство, имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна подршка.