Полицајци жртви на бомбашки напади во Кабул
Најмалку двајца полицајци денеска загинаа при екплозии на серија бомбашки напади во авганистанскиот главен град Кабул. При експлозиите на таканаречените „лепливи “бомби се ранети еден цивил и двајца полициски офицери. Надлежните велат дека полицијата била мета на нападите. Никој досега не презеде одговорност за овие три бомбашки напади. Терористичката група Исламска Држава презеде одговорност за бројни напади во Кабул во изминативе неколку месеци вклучително за нападите врз образовни институции во кои загинаа над 50 луѓе. Нападите доаѓаат во период кога мировните преговори кои се одвиаат во Катар се прекинати до почетокот на следниот месец.