Вучиќ - На 30 декември отворање на „Турски поток“
Пробниот гас помина во Србија низ гасоводот Турски поток, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој на 25 декември на новиот аеродром Батајница кај Белград, при прмањето на медицинска помош од Обединетите Арапски Емирати за Србија, рече дека дел од новиот гасовод низ Србија, од бугарската граница, преку Србија до Унгарија, ќе биде пуштен во употреба на 30 декември.
„Помина пробниот гас. Не кревавме голама врева околу тоа, но се ќе започне на 30 декември“, рече Вучиќ.
Тој најави дека по пуштањето во употреба на „Турски поток“ на крајот на оваа година, останува да се работи на секундарна гасификација, односно да се спроведе гас до Врање во јужна Србија, Ваjeво во централниот и западниот дел, како и до местата на исток и југозапад.
Новиот гасовод „Турски поток“ се очекува да пренесува 31,5 милијарди кубни метри гас годишно од Русија, произведен од страна на рускиот енергетски гигант „Гаспром“.
Половина од тоа, 15,75 милијарди се резервирани за потребите на Турција, додека другата половина ќе оди подалеку во јужна и централна Европа, меѓу другите преку Бугарија, Србија и Унгарија.