Вкупно 1036 пациенти на болничко лекување од ковид-19
![Вкупно 1036 пациенти на болничко лекување од ковид-19](https://gdb.rferl.org/741b4ff4-aee4-4170-9126-d748c1a476dd_w800_h450.jpg)
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1036 и има околу 320 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатиов ден во ковид центрите во внатрешноста на Македонија се лекуваат вкупно 610 пациенти кои имаат компликации од короновирусот. Според извештаите кои пристигнуваат од болниците од внатрешноста во министерството за здравство најмногу хоспитализирани има во Куманово – 82 пациенти, потоа Прилеп со 74 и Охрид со 65 пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.