За едно деноноќие казнети 549 граѓани за неносење маска за лице
![За едно деноноќие казнети 549 граѓани за неносење маска за лице](https://gdb.rferl.org/f73f615e-56a6-4fd8-aa3a-fc230f562b52_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 549 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
За 24 часа 20 нови пациенти во скопските ковид центри
Од Министерството и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. Носењето заштитна опрема за лице е задолжителна и на отворени јавни места, а казната за непочитување на таа мерка е 20 евра.