Најмалку 20 лица повредени во земјотресот во Петриња
![Најмалку 20 лица повредени во земјотресот во Петриња](https://gdb.rferl.org/A67B5725-C766-4DB0-B7E8-8F0F65803C10_w800_h450.jpg)
Најмалку 20 лица се повредени во денешниот земјотрес во Петриња, од кои две лица се тешко повредени, а 18 се полесно повредени, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на информации од болницата во Сисак.
Во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала и со епицентар во хрватскиот град Петриња, кој се наоѓа на 46 километри одалеченост од Загреб загина едно девојче, а урнати се и голем број куќи и јавни објекти во градот.
Во земјотресот во Петриња загина девојче, урнати куќи и објекти
Пациентите се транспортираат и во болниците во Загреб. Градоначалникот на Петриња Даринко Думбович ја спореди состојбата во градот со Хирошима.