Седум лица починале, нови 414 заразени во последното деноноќие
![Седум лица починале, нови 414 заразени во последното деноноќие](https://gdb.rferl.org/051AE00F-4FBE-4685-A6EB-5C30A91B678A_w800_h450.jpg)
Во последните 24 часа во Македонија седум лица починаа од коронавирус, а потврдени се 414 нови случаи, соопшти Министерството за здравство. Направени се 1.619 тестирања, а оздравени се 496 пациенти.
Во Скопје се потврдени 187 нови случаи, Куманово-10, Дебар-10, Штип-7, Прилеп-17, Тетово-12, Струга-7, Велес-10, Битола-12, Охрид-28, Кавадарци-24, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-10, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-9, Ресен-7, Неготино-14.
Починати се седум лица и сите починале во болнички услови.
Во ковид центрите за изминатите 24 часа хоспитализирани 35 пациенти
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.743, бројката на оздравени пациенти е 61.943, на починати е 2.510, а бројот на активни случаи изнесува 19.290.