Одбележани 9 години од смртта на претседателот Киро Глигоров
Делегации на Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски и на Владата на РСМ денеска положија цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Киро Глигоров беше првиот претседател на независна Република Македонија. За изградбата на самостојна Македонија даде личен печат со спроведување на референдумот за независност, донесување на новиот Устав, битката за демократска преобразба и внатрешна консолидација на земјата и нејзина меѓународна афирмација.