Нови 46 случаи на коронавирус во Македонија, 12 починати
Во изминатото деноноќие се регистрирани 46 нови случаи на коронавирус во Македонија, а 12 лица починаа, информира Министерството за здравство. Направени биле 378 тестирања.
Година на коронавирусот, членството во НАТО и ветото во ЕУ
Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 22, Струга 7, Кавадарци 4, Охрид и Гостивар по 3, Куманово 2 и во Прилеп, Тетово, Македонски Брод, Ресен и Неготино по еден случај.
Починатите се на возраст од 52 до 78 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.789, бројката на оздравени пациенти е 62.469, на починати е 2.522, а бројот на активни случаи изнесува 18.798.