Еден турист загинал, тројца повредени при посета на водопад во Камчатка
Еден турист загинал, а три лица се повредени, меѓу кои и 12-годишно момче кога големо парче мраз од водопад на рускиот полуостров Камчатка паднало врз нив. Регионалната влада на Камчатка на нејзината интернет страница наведе дека трагедијата се случила додека група туристи и водич биле во посета на водопадот Вилучинск во јужниот дел на полуостровот.
Двајца од повредените туристи се хоспитализирани, а 12-годишното момче е во тешка состојба. Водопадот Вилучинск е висок 40 метри и е еден од најпопуларните места во областа и привлекува туристи од цела Русија.