Излевање на реки во кумановско
Поради зголемените врнежи од дожд се излеаја реките Крива Река и Пчиња во неколку села, информираа денеска надлежните од РЦУК Куманово и од Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, чии екипи веќе неколку дена ги санираат критичните точки по течението на двете реки.
Во селата Јачинце, Клечовце, Довезенце и Пчиња поплавени се земјоделски обработливи површини, викенд куќи, помошни простории. Пчиња се излеа и на игралиштето во селото Пчиња, како и на земјоделско земјиште на потегот на Пчиња кон Студена Бара.
Има излевање на реките и во Старо Нагоричане. Поради врнежите во Србија зголемено е количината на водата на река Петрошница, и зафатен е макадамскиот пат кон село Макреш. Од РЦУК Куманово велат дека веќе е договорено со службите од Старо Нагоричане да се излезе на терен со механизација.
Дождот ги зголеми водостоите, да се избегнува движење покрај реки
Засега, според подароците на РЦУК Куманово и на водостопанство „Кумановско липковско поле“ стабилни се реките во урбаните средини, Кумановка, Липковка и Којнарка.
Претходно, и Кризниот штаб на Куманово препорача на водостопанското претпријатие да интервенира со механизација на критичните точки во кумановско, а воедно формираше комисија за проценка на штети.