Ќе се воведува електронски инспектор
![Ќе се воведува електронски инспектор](https://gdb.rferl.org/AF29D4B2-FECA-4FD4-972B-8D8EF9A2AB4D_w800_h450.jpg)
Годинава ќе биде воспоставен нов електронскиот систем за инспекција, т.н. Е-инспектор, најави денеска на прес-конференција вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Тој вели дека системот е една од алките во борбата против корупцијата. Ќе претставува ефикасен контролен механизам преку кој ќе се намали секое субјективно влијание на инспекторите при вршењето на нивните контроли.
Се повеќе угостители не ги почитуваат мерките, ќе има почести контроли
Е-инспектор електронски ќе ги поврзе сите 28 инспекциски служби под капата на Инспекцискиот совет.