Во Србија остануваат во сила кризните анти-ковид мерки
![Во Србија остануваат во сила кризните анти-ковид мерки](https://gdb.rferl.org/d4a23b9a-a56f-40c8-95f0-a851c72ee729_w800_h450.jpg)
Кризниот штаб на српската Влада за борба против коронавирусот денеска одлучи сите постојни мерки да останат во сила и натаму, бидејќи е оценето дека тие даваат резултати. Мерките што беа донесени пред новогодишните празници беа во сила до 10 јануари.
Мерките за влез во Србија остануваат со задолжителниот негативен ПЦТ тест за странските државјани или изолација до негативен тест за српските државјани.
Работното време на угостителските објекти останува до 20 часот, а на продавницата до 21 часот.
Брнабиќ - До крајот на јануари Србија ќе има два милиона вакцини
Второто полугодие во образовниот процес ќе започне на 18 јануари, како што и беше предвидено, а во сила остануваат и претходно утврдените мерки- забрана за собирање на повеќе од пет лица, како и носењето маски во затворени простории.
Во Србија од денеска почна пријавувањето на граѓаните за вакцинација, кое се врши електронски, а од четврток тоа ќе можат да го направат и преку телефонско закажување.