ССК бара државните анти ковид мерки да траат најмалку до април
Сојузот на стопански комори (ССК) смета дека економските мерки за поддршка на стопанството и намалување на штетните последици од кризата потребно е да имаат континуитет бидејќи, како што соопштија денеска од Сојусот, само така може да се одржи економската активност на што поголем број правни субјекти и да се избегне загубата на работни места.
„Дисконтинуитетот во доделување на поддршката може да доведе до намалување на постигнатите ефекти и до забавување на излезот од кризата. Деловните субјекти во земјава особено малите и средни претпријатија се уште се наоѓаат во исклучително тешка состојба, некои се уште со рестрикции во вршење на дејноста, но и оние кои можат да работат се соочуваат со намалена потрошувачка, откажани нарачки и пласмани“, се наведува во денешното соопштение од ССК.
Со ковид калкулатор до поголема заштита на работниците
Според Сојузот, приоритетни мерки се продолжување на финансиската помош за исплата на плата, неповратната финансиска помош, како и бескаматните кредити. Од ССК велат дека реалниот сектор очекува овие мерки да продолжат и да траат најмалку до април.