Најмалку 10 загинати во напад на талибанците во северен Авганистан
Најмалку десет припадници на авганистанските безбедносни сили се убиени кога талибанците нападнале контролен пункт во северната авганистанска провинција Кундуз, соопштија денеска авганистанските власти, јави германската новинска агенција ДПА.
„Други 11 припадници на безбедносните сили се ранети во ноќниот напад во областа Имам Сахеб“, изјавија за ДПА тројца провинциски советници.
Најмалку седум војници се ранети во југоисточната провинција Газни, откако владините сили погодиле талибански бомбаш-самоубиец кој управувал оклопно возило наполнето со експлозив, соопштија локалните власти.
Портпаролот на гувернерот на провинцијата, Вахидула Jумазада, изјави дека бунтовниците од неколку правци ги нападнале безбедносните бази што го опкружуваат главниот град на провинцијата, но нападите биле одбиени со помош на воздухопловните сили.