За 24 часа 17 пациенти хоспитализирани во ковид центрите
![За 24 часа 17 пациенти хоспитализирани во ковид центрите](https://gdb.rferl.org/0155639d-dc31-473e-a0a9-52e03e10a162_cx0_cy18_cw0_w800_h450.jpeg)
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 287 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.
Вкупно 287 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Два ипол милиони евра за непотребни антибиотици
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 172 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Од Министерството за здравство информираат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.