Подготвен планот за вакцинација, првите вакцини следниот месец
![Подготвен планот за вакцинација, првите вакцини следниот месец](https://gdb.rferl.org/8A4DB480-A9D2-4B02-ABD3-AFA913E7B3EB_w800_h450.jpg)
Следниот месец, според здравствените власти, се очекува да пристигнат првите дози вакцини во државава од „Фајзер“ и „КОВАКС“ механизмот, а здравствениот систем, како што велат, е подготвен за вакцинација.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера на седница на Владата ги претстави најновите информации за набавката на MРНА вакцини против КОВИД-19 од производителот Фајзер, за продолжувањето на интензивните контакти за набавка и испорака на оваа вакцина, вклучувајќи ги аспектите на постапката за набавка која треба да се спроведе, како и за регистрација на вакцината во државава.
Нови 361 заразени со коронавирус, 14 лица починале
Според Филипче, здравствениот систем е целосно подготвен за вакцинација, а во февруари се очекува да пристигнат првите дози од „Фајзер“ и „КОВАКС“ механизмот. Веќе се пристигнати два фрижидера кои беа најавувани како донација за фајзеровата вакцина која се чува на -70 степени, а уште три се очекуваат во текот на следните недели. Во еден фрижидер може да се складираат 100 илјади дози вакцини.