Времето денеска ведро и студено
![Времето денеска ведро и студено](https://gdb.rferl.org/4108DC99-78DE-4017-AF6E-B63698661BF6_w800_h450.jpg)
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Во северните делови променливо облачно, во текот на ноќта со услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Минималната температура e во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -7 до 3 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северозападен ветер. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 0 степени.