Затворени фирми во рамки на просекот, но раст на отпуштени работници
![Затворени фирми во рамки на просекот, но раст на отпуштени работници](https://gdb.rferl.org/87F131D7-B9FC-467E-89D4-7487FE92D06E_w800_h450.jpg)
Лани 6214 компании биле затворени, а 17.026 лица останале без работа. Според упатените, добро е што не се затвориле многу фирми, бидејќи отпуштените ќе имаат каде да се вратат на работа. Владата за наредниот месец го најави петтиот сет мерки за спас на економијата.