Мишел до Бајден: Заедно да изградиме посилни Европа и САД
![Мишел до Бајден: Заедно да изградиме посилни Европа и САД](https://gdb.rferl.org/177c3a95-ece6-40ec-9249-e67ee1487b28_cx0_cy9_cw0_w800_h450.jpg)
Претседателот на Европскиот совет (ЕС), Шарл Мишел, предложи нов темелен договор со новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, во односите меѓу Европската унија (ЕУ) и САД, додека Урсула фон дер Лајен ја нарече промената на чело на САД „нова зора” во меѓусебните односи.
„Денес е повеќе од транзиција. Денес е можност да ги обновиме нашите трансатлантски односи, што многу беа нарушени во изминатите четири години. За време на тие години, светот стана посложен, нестабилен и непредвидлив“, рече Мишел на пленарната седница на Европскиот парламент во рамки на расправа за идните доноси меѓу ЕУ и САД.
Дебатата е организирана денеска, кога Бајден ќе положи заклетва како 46-ти американски претседател. Инаугурацијата на новиот американски претседател е закажана за попладне по средноевропско време.
„На првиот ден од неговиот мандат, јас свечено му предлагам на новиот претседател да изградиме нов фундаментален пакет за посилна Европа, посилна Америка и посилен свет“, додаде Мишел.