Назначувањето на Бајден беше следено во цел свет, освен во Туркменистан
![Назначувањето на Бајден беше следено во цел свет, освен во Туркменистан](https://gdb.rferl.org/1923af2a-3f8b-4fc4-9e33-1bc70226c621_cx0_cy17_cw0_w800_h450.jpg)
Инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон беше следена во земјите низ целиот свет. Но, и не во Туркменистан. Државните медиуми и веб-страниците за вести кои се нарекуваат полуофицијални, во строго контролираната централноазиска држава не спомнаа ништо за вчерашниот настан во Вашингтон, јавуваат дописниците на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Оваа тишина е спротивна на претходните изјави на авторитарниот претседател на Туркмнистан, Гурбангули Бердимухамедов, за 46-от претседател на Соединетите американски држави.
Бердимухамедов на крајот на ноември му испрати писмо на Бајден со кое му ја честиташе изборната победа, велејќи дека тој е „убеден дека пријателството, меѓусебното разбирање и заинтересираното партнерство меѓу Туркменистан и САД ќе продолжат да се зајакнуваат во корист на народите обете земји “.
Владините критичари и групите за човекови права велат дека владата на Бердимухамедов ги потиснала медиумите и неистомислениците и направила измени во ограничувањата, откако тој дојде на власт по смртта на автократот Сапармурат Нијазов во 2006 година.