Мицкоски: Поддршка од Јанша за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ
![Мицкоски: Поддршка од Јанша за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ](https://gdb.rferl.org/feb40754-e8be-480b-8428-941aaa65f62c_cx0_cy22_cw0_w800_h450.jpg)
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека на средбата со словенечкиот премиер Јанез Јанша била потенцирана недвосмислената поддршка која Македонија ја доби од Словенија во рамките на евроинтегративниот процес и недвосмислената поддршка за ВМРО-ДПМНЕ.
„Заклучивме дека во периодот кој следи уште повеќе ќе ги надополниме и интезивираме врските помеѓу двете сестрински партии ВМРО-ДПМНЕ и Словенечката Демократска Странка“, изјави Мицкоски по средбата со Јанша на која го придружуваше потпретседателот на партијата, Александар Николоски.
На средбата, како што истакна лидерот на опозициската партија, било разговарано за актуелните случувања во нашата земја со главен фокус на корупцијата и невладеењето на правото.
Според информациите од ВМРО-ДПМНЕ, оваа среба била дел од мини-дипломатска турнеја на која Мицкоски лобира за Македонија и во чии рамки завчера се сретна и со унгарскиот премиер Виктор Орбан.