По 14 дена спасен еден рудар во Кина
![По 14 дена спасен еден рудар во Кина](https://gdb.rferl.org/7ff73ceb-b957-425f-bc38-361b7aa05e61_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Еден од кинеските рудари кои по експлозија беа заглавени во рудник за злато во северна Кина е спасен по 14 дена. Рударот, како што јавија кинески медиуми, бил екстремно слаб и веднаш хоспитализиран.
Дваесет и двајца рудари беа заробени од експлозијата на 10 јануари во главниот регион за производство на злато во провинцијата Шандонг.
Спасениот рудар е пронајден во различен дел од рудникот од група од 10 рудари кои примале храна, лекови и други материјали преку неколку шахти издупчени во карпата. Тие се наоѓаат во дел од рудникот кој е на 580 метри под површината. Еден рудар починал, а останатите не биле во контакт со спасувачки екипи.
Спасувачките екипи се обидуваат да прошират една од шахтите за да можат работниците да бидат изнесени на површината во мал лифт. Кинеските власти изјавија дека може да спасувачката операција може да потрае уште две недели пред да успејат да стигнат до останатите 10 рудари.