Одбиени барањата за приврмена слобода за Тачи и лидерите на ОВК
![Одбиени барањата за приврмена слобода за Тачи и лидерите на ОВК](https://gdb.rferl.org/53B3366E-DBCE-4E8F-841A-8599A5370415_w800_h450.jpg)
Судија од Специјалниот суд за Косово, со седиште во Хаг, го одби барањето на адвокатите на поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и поранешен претседател на Косово, Хашим Тачи, за привремено пуштање на слобода. Таква одлука е донесена и по барањата на адвокатите на останатите водачи на ОВК, Реџеп Селими, Кадри Весели и Јакуп Красничи, кои заедно со Тачи се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.
Трендафилова: Правдата преку судот за Косово во Хаг ќе биде задоволена
Нивните барања се одбиени со образложение дека постои опасност за нивно бегство, опструкција на постапката, влијание врз сведоци и изврршување на понатамошни кривични дела. Адвокатите понудија гаранции дека обвинетите нема да побегнат и бараа замена на притворот со куќен притвор и други мерки. Тачи, Селими, Весели и Красничи беа приведени на почетокот на ноември минатата година.