Семејното насилство ретко се пријавува, а уште поретко оди на суд
![Семејното насилство ретко се пријавува, а уште поретко оди на суд](https://gdb.rferl.org/0E5C0CB6-4ACA-4446-9849-4AAD735D3424_w800_h450.jpg)
Околу 15 отсто од жртвите на семејно насилство пријавуваат, а сосема мал дел од нив се решаваат да одат на суд. Од тие, пак, што се решиле да се гони сторителот, половина се откажале. Оние кои завршиле на суд чекаат и по неколку месеци за разрешница, а најчесто сторителот добива условна казна.