Таџикистански опозиционер осуден на 14 години затвор
Таџикистанскиот опозициски политичар Махмурод Одинаев е осуден на 14 години затвор под обвинение за хулиганство и повик на екстремизам. Окружниот суд во Душанбе го осуди и синот на Одинаев, Хабибуло Ризоев исто така под обвинение за хулиганство и парична казна од околу 5000 евра. Двајцата се изјаснија за невини за време на судењето, кое започна на 25 јануари.
Махмурод Одинаев исчезна на 20 ноември, откако преку Фејсбук побара од градоначалникот на Душанбе, Рустам Емомали да му дозволи на него и приврзаниците на Социјалдемократската партија- единствената опозициска партија што функционира во Таџикистан, да организираат демонстрации за поскапувањата на храната. На 5 декември, канцеларијата на генералниот обвинител на Таџикистан потврди дека Одинаев бил уапсен во Душанбе.