Чешка воведе забрана за влез на странци
Чешка одлучи да забрани влез за странци во земјата кои не доаѓаат порати деопходни причини, со цел забавување на пандемијата на коронавирусот.
Министерството за надворешни работи на Чешка наведе дека забраната стапува на сила на 30 јануари и дека ќе се однесува на сите држави. Забраната не се однесува на оние кои работат или студираат во Чешка.
Влезот во Чешка е дозволен за оние кои доаѓаат во посета на роднини или доаѓаат заради здравствена нега или, пак, присуство на свадби или погреби, јавува АП.
Забраната за влез е дел од низата строги мерки со кои се заоструваат постоечките.
Откако Чешка на 6 јануари регистрираше рекорден број од 18.000 заразени, бројот на дневни инфекции почна да се намалува.
Но, намалувањето не беше доволно, а бројот на новозаразени оваа недела повторно расте.