Данска го одбрани светското злато во ракомет
![Данска го одбрани светското злато во ракомет](https://gdb.rferl.org/e023d593-908f-4ffd-8033-48c0ab46ad2c_w800_h450.jpg)
Данска е светски ракометен шампион, откако во финалето на Светското првенство во Египет ја победи репрезентацијата на Шведска со 26:24, со што ја одбрани титулата од пред две години.
Финалниот натпревар на полувремето беше изедначен 13:13, но во вториот дел Данците во последните десет минути имаа предност до три гола разлика и ја освоија светската титула.
Данската репрезентација стигна во финалето, откако во полуфиналниот натпревар ја совлада селекцијата на Шпанија со 35:33, а Шведска ја победи Франција 32:26.
За најкорисен играч на турнирот беше прогласен Данецот Микел Хансен. Освен Хансен како лев бек, во најдобриот тим на првенството во Египет се најдоа Швеѓанецот Хампус Ване на позицијата лево крило и неговиот сонародник Џим Готфридсон на позицијата централен бек; Матијас Гидсел од Данска е најдобар на позицијата десен бек, најдобро десно крило е Феран Соле Сала од Шпанија, на позицијата пивотмен е избран Лудовик Фабрегас од Франција, додека за најдобар голман е прогласен Андреас Паличка од Шведска.
Претходно во натпреварот за третото место, Шпанија ја победи селекцијата на Франција со резултат 35:29, со што го освои бронзениот медал.
На 27-то Светско ракометно првенство во Египет, учевствуваше и репрезентацијата на Македонија која заврши на 23-тото место, со скор од една победа и пет порази.