Осудениот Африм Исмаиловиќ за случајот „Монструм“ уапсен во Приштина
![Осудениот Африм Исмаиловиќ за случајот „Монструм“ уапсен во Приштина](https://gdb.rferl.org/469bb9d7-6413-4555-9f56-f491a751979c_w800_h450.jpg)
Македонскиот државјанин Африм Исмаиловиќ, еден од осудените на доживотен затвор во процесот „Монструм“ е упасен вчера во Приштина, откако бил идентификуван од полицијата поради учество во сообраќајна несреќа, објави денеска порталот „Газета експрес“. Неговиот адвокат Бесник Бериша изјави дека по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и притоа надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор.
Според Бериша, приведувањето е незаконско, бидејќи за истото кривично дело Исмаиловиќ бил осуден порано и ослободен, а во моментов чекал да завршат процедурите во однос на неговото брање за азил во Косово.
Протестен марш против пресудите во Монструм од Чаир до Владата
Африм Исмаиловиќ, како и неговиот брат Агим и Халил Демири, на 23 февруари годинава беа осудени од Кривичниот суд во Скопје на доживотен затвор по обвинението дека на 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро извршиле петкратно убиство. Двајца други обвинети, Фејзи и Хаки Азири, беа осудени на 15, односно девет години затвор.