Рекорден број на 50 починати од ковид, нови 1320 случаи
![Рекорден број на 50 починати од ковид, нови 1320 случаи](https://gdb.rferl.org/e3e601ef-2c15-4a7c-a853-62eb22655fb4_w800_h450.jpg)
Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 4.174 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на ковид-19. Пријавени се 50 починати лица и 457 оздравени пациенти.
Битката со болеста ја загубиле 19 лица од Скопје, потоа 4 од Кичево, по 3 пациенти од Куманово, Битола и Штип, по 2 од Прилеп, Велес, Струмица, Кочани и Крива Паланка и по еден пациент е пријавен од Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид, Струга, Неготино и Ресен. Најмладиот починат пациент е на 46 годишна возраст, а најстариот на 95 години. 46 пациенти се починати во болнички услови, додека 4 пациенти се починати во домашни услови.
Филипче: Се соочуваме со пикот на досега најсилниот бран на ковид-19
Досега во земјата се направени вкупно 633.407 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројката на оздравени пациенти е 108.197, на починати е 3.860, а бројот на активни случаи изнесува 20.683.