Дачиќ ќе почне преговори со партиите, нема да ги чека европарламентарците
Претседателот на српскиот парламент, Ивица Дачиќ, на 2 април рече дека ќе започне разговори со политичките партии „дури и без претставници на Европскиот парламент“.
„Не можеме да чекаме да ни донесат решение на послужавник“, рече Дачиќ, за Српската радио-телевизија (РТС), наведувајќи дека неколку партии сакаат да им ги дадат своите предлози директно на владините претставници.
„Не ми паѓа на памет да чекам два месеци да видам за што ќе се согласи некој“, рече Дачиќ.
Како што рече, предложил сите да се соберат на 15 март, но тоа не било сторено затоа што претставниците на Европскиот парламент влегле во подготвителна фаза последните два месеци.