Ѓурчески-Не ни оди добро против трговијата со наркотици
Со тоа што ДЕА беше вклучена во акцијата за заплена на 200 килограми марихуана неодамна, треба да стане јасно дека во земјава работите во борбата против трговијата со наркотици не се добри, вели поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчески. Според него, странските партнери немаат доверба во македонските институции.