И Алтернатива и Алијанса ќе ги повлечат амандманите за државјанство
![И Алтернатива и Алијанса ќе ги повлечат амандманите за државјанство](https://gdb.rferl.org/6ac6a5e8-977f-40f1-9a80-6b17a2275c44_cx6_cy9_cw79_w800_h450.jpg)
Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива денеска најави дека ќе ги повлечат амандманите поднесени во Собранието за законите од петтиот пакет на економски мерки. Елми Азири од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива изјави дека штом ќе се деблокира дебатата во Комисијата за одбрана и безбедност за законот за државјанство, тие ќе ги повлечат нивните амандмани од Комисијата за финансирање и буџет за законите за петтиот пакет економски мерки.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече амандманите на законот за државјанство
ВМРО-ДПМНЕ, претходно денеска, соопшти дека ќе ги повлече своите амандмани што ги поднесе во Собранието за Предлог законот за државјанство, што го достави опозициската коалиција Алијанса/Алтернатива. Од опозициската партија рекоа дека се надеваат дека со тоа „конечно ќе се изгласа петтиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанството“.