Останува опцијата за одложување на Олимписките игри
![Останува опцијата за одложување на Олимписките игри](https://gdb.rferl.org/A6E3A340-CD37-4817-85DE-E10D47DD5AE1_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Висок функционер на владејачката партија во Јапонија, Тоширо Никаи, изјави дека сè уште постои опција да се откажат Олимписките игри во Токио доколку се влоши ситуацијата со коронавирусот, објави денеска (15-ти април) агенцијата Кјодо.
Останаа помалку од 100 дена до планираниот почеток на големото натпреварување.
Ако зголемувањето на бројот на случаи би значело дека одржувањето на Игрите е невозможно, „ќе мора да се откажеме“, рече Никаи, генералниот секретар на Либерално-демократската партија, во телевизиско интервју.
Никаи е клучен сојузник на премиерот Јошихиде Суга и е познат по своите искрени коментари.