Кој е приоритетен меѓу приоритетните за вакцина?
Откако заврши вакцинацијата на граѓаните од критичната инфраструктура, денеска почнува вакцинацијата за возрасните од 73 и 74 години. Но, граѓани над оваа возраст сѐ уште го чекаат својот ред за вакцина. Матичните велат дека проблемот не е кај нив, туку во системот за закажување термин.