МОН: Средните училишта се подготвуваат за државната матура
![МОН: Средните училишта се подготвуваат за државната матура](https://gdb.rferl.org/063669FD-88E3-4647-954D-6C0926B53825_cx0_cy18_cw0_w800_h450.jpg)
Министерството за образование и наука соопшти денеска дека средните училишта се подготвуваат за полагањeто на државната матура. Директорите на средните училишта на онлајн-средба со министерката за образование и наука, Мила Царовска информирале дека постапуваат согласно заедничкото решение на Владата и Сојузот на средношколци за спроведување на завршниот испит.
„Најголем дел од училиштата веќе ги објавиле интерните испити. Уште еднаш повикав да се исполнат сите договорени елементи од матурата, затоа што тоа е во интерес на нашите ученици“, рече министерката Царовска.
Не се почитува договореното за матурата, предупредува Сојузот на средношколци
Директорите на средните училишта, според министерството, информирале и дека целосно ќе бидат спроведени сите безбедносни и заштитни мерки за полагање на матурата.
МОН порачува дека матурските предметни комисии имаат обврска да подготват испитни задачи по секој предмет и да ги објават најдоцна три седмици пред полагањето. Од тие испитни задачи потоа се изготвува тестот за интерните испити.