Пациент избегал од модуларната болница во Штип, па починал во близина
![Пациент избегал од модуларната болница во Штип, па починал во близина](https://gdb.rferl.org/0869A285-63C5-427B-A420-B285B573CD68_w800_h450.jpg)
Седумдесет и пет годишен пациент од Пробиштип, кој бил хоспитализиран во штипската модуларна болница на полноќ избегал, но по еден час на само неколку метри од болницата на улицата „Мирче Ацев“ во близина на средното медицинско училиште е пронајден мртов.
Кој е приоритетен меѓу приоритетните за вакцина?
Случаен минувач пријавил во полиција, поради траги од кочење на автомобил првично се проверувало дали станува за прегазен пешак. Но, подоцна било утврдено дека станува збор за пациентот, кој побегнал од модуларната болница. Обдукцијата покажува дека нема траги на насилство и според првичните сознанија причина за смртта е белодробна пневмонија.
Пред еден месец пациент на Инфективното одделение посегна по својот живот, фрлајќи се од вториот кат. Пациентот заврши со тешки скршеници.