Првиот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за изборите во Албанија утре попладне
Шефицата на мисијата на набљудувачи на ОБСЕ / ОДИХР, Урсула Гачек, по посетата на едно избирачко место во Тирана, изјави дека набљудувачите на ОБСЕ / ОДИХР не се во Албанија за да даваат препораки или совети, туку да набљудуваат. Таа појасни дека прелиминарниот извештај за заклучоците на набљудувачите ќе биде презентиран утре попладне, на онлајн конференција, на која ќе учествуваат и новинари и можат да поставуваат прашања.
„Кога целиот процес ќе заврши и ќе ги собереме фактите, се надеваме дека ќе излеземе со фер извештај за целиот изборен процес во Албанија“, рече Гачек.
Албанија гласа, изборите клучни за интеграција во ЕУ
За изборите во Албанија ОБСЕ/ОДХИР има ангажирано 274 набљудувачи од нив 24 долгорочни, останатите 250 ќе бидат само денеска.
Во Албанија денеска се гласа на деветтите по ред парламентарни избори.