Србија доставила уште 13 илјади вакцини „Спутник В“ во С.Македонија
![Србија доставила уште 13 илјади вакцини „Спутник В“ во С.Македонија](https://gdb.rferl.org/e51bfc90-fc01-4d31-a5f2-e54671a7ab99_w800_h450.jpg)
Српската премеирка Ана Брнабиќ денеска изјави дека земјата и донирала дополнителни 13.000 вакцини „Спутник В“ на Северна Македонија. Таа додаде дека Србија досега на земјава и донирала вкупно 48 000 вакцини.
Вакцината, како што наведе, кои биле доставени доцна синоќа се дел од контингентот од 20.000 вакцини од компонентата два, наменети за ревакцинација.
Филипче и Лончар ќе договараат стратешко партнерство за „Торлак“
Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини биле доставени пред три недели. Таа порача и дека Србија има доволно вакцини и доколку е потребно ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.
„Не можеме да се вратиме во нормален живот ако сите други не се вратат. Тоа е инвестиција во заедничката сигурност и безбедност“, оцени Брнабиќ.