Нови 46 починати и 433 заразени од корона вирус
![Нови 46 починати и 433 заразени од корона вирус](https://gdb.rferl.org/B3E16029-3E8C-4D94-88E3-B69F7FFD5E49_cx9_cy5_cw87_w800_h450.jpg)
Во последните 24 часа се направени 2.453 тестирања, а регистрирани се 433 нови случаи на Ковид-19. Најголем дел од нив се во Скопје – 174, потоа следуваат Куманово – 39, Битола – 34, Охрид – 24, Струга и Кичево – по 16, Прилеп, Велес и Струмица – по 15, Штип – 11, Тетово и Кочани – по 9, Гевгелија и Виница – по 8, Кавадарци – 7, Гостивар – 6, Неготино – 5, Свети Николе – 4, Делчево и Крушево – по 3, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка и Ресен – по 1.
Регистрирани се 641 оздравен пациент, а пријавени се вкупно 46 починати лица.
На инфективните одделенија се лекуваат 722 ковид пациенти
Филипче и Заев во пресрет на Велигден ги повикаа граѓаните да ги почитуваат мерките
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.002, бројката на оздравени пациенти е 132.171, на починати е 4.818, а бројот на активни случаи изнесува 15.013. Досега во земјата се направени вкупно 718.626 тестирања на Ковид-19.